Верати: Не ни е потребно чудо, Сити има само мала предност

„Моторот“ на екипата на ПСЖ, Марко Верати верува дека тој и соиграчите имаат сили за враќање во полуфиналниот двомеч против Манчестер Сити. Гостувањето во Англија ќе биде тешко, но играчот за врска верува дека парижани имаат изгледни шанси да дојдат до финалето. 

„Ова е натпревар за кој секој фудбалер сонува да го игра. Мора да останеме мирни, да покажеме карактер и да докажеме дека сме тука заслужено. Мора да ги менаџираме емоциите, ќе одлучуваат мали нешта. Потребен е целосен пакет за освојување на Лигата на шампионите. Играме против едни од најдобрите играчи на светот. Понекогаш е потребна мала мајсторија од Нејмар или Мбапе да се смени текот на мечот. 

Гвардиола сака контрола на играта, но фокусот е на нас. Имаме одличен тим и тренер, шансите ќе дојдат. Не ни е потребно чудо, Сити има само мала предност пред нас“, изјави Верати. 

ПСЖ има негатива од еден гол, откако на свој терен загуби со 1-2. На првиот меч, стартуваа одлично ама паднаа во второто полувреме, па такви проблеми не смеат да си дозволат на реваншот во Манчестер.