Верати: Македонија ни удри тешка шлаканица како европски шампиони

Марко Верати беше дел од составот на Италија кој на домашен терен загуби од Македонија (0-1) и така не успеа да влезе во игра за пласман на Светското првенство (СП) кое оваа година ќе се игра во Катар.

Плејмејкерот на ПСЖ говореше за натпреварот и кажа дека „аѕурите“ уште ги боли поразот во Палермо. Македонија победи со голот на Александар Трајковски во самиот финиш.

„Тоа за нас беше катастрофа. Многу тежок контраст: Прво станавме европски шампиони, а неколку месеци подоцна добивме таква силна шлаканица. Не успеавме да играме на голем настан како на Европското првенство. Во такви натпревари ако погрешиш скапо ги плаќаш грешките“, изјави Верати.

Италија вторпат во низа нема да игра на едно Светско првенство, откако претходно го пропушти настанот во 2018 година.

Состави

Лучијано Спалети

4-3-3

    Благоја Милевски

    4-4-2