Верати имаше финале за паметење, сам направи повеќе од Хендерсон, Филипс, Рајс...

Верати

Средниот ред на Италија одигра значително подобро од противниците од Англија, што можеби беше клучот за успехот во финалето на Европското првенство.

На крај одлучуваа пеналите, но во поголемиот дел од мечот, Италијанците ја имаа контролата врз топката. Од нив зависеа многу работи кои се случуваа на теренот, а најзаслужен за тоа беше Марко Верати.

28-годишникот одигра феноменална средба на која запиша 134 допири со топката. Тоа е повеќе од англиското трио Хендерсон, Рајс и Филипс заедно (128).

На крај, херој на „азурите“ беше голманот Џанлуиџи Донарума. Новиот чувар на мрежата на Пари Сен Жермен се истакна со три одбранети пенали, со кои ја обезбеди втората европска титула за својата репрезентација.