Верати го потврди преминот на Донарума во ПСЖ: Среќен сум што ќе ми биде соиграч

Иако е јасно дека Џанлуиџи Донарума ќе стане нов голман на Пари Сен Жермен, официјалната потврда сè уште не пристигнала. 

Сепак, секој сомнеж за иднината на италијанскиот голман дека нема да се пресели во Париз, падна во вода на прес-конференција на Марко Верати. Одличниот играч за врска на ПСЖ го пофали настапот на Донарума на Европското првенство, а меѓу другото рече дека е среќен што ќе му биде и негов нов клупски соиграч.

„Донарума заслужува да игра во врвен европски клуб и да се бори за Лигата на шампионите. Среќен сум што тој ќе биде мој соиграч во ПСЖ“, рече Верати.

Донарума заедно со Џордан Пикфорд од Англија покажаа најмногу на континеталниот собир, кога во прашање се чуварите на мрежата, а токму двајцата голмани в недела ќе се борат за трофејот на овој шампионат.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.