Венгер: Заради Арсенал одбив неколку понуди од Премиер лигата

Легендарниот француски стратег, Арсен Венгер, призна дека заради Арсенал одбил неколку понуди од тимови од Премиер лигата.

По 22 години и 17 освоени трофеи, во јуни 2018, Венгер се раздели со тимот од „Емирати“ и засега не размислува за враќање во англиската елита.

„Јас сум арсеналов човек, а потоа професионалец. Одлучив да ја напуштам Премиер лигата затоа што многу го сакам Арсенал. Имав можност да работам во Англија, но ги одбив сите понуди. Не сакам да ги откријам нивните имиња, затоа што сакам да бидам коректен кон нив“, рече Французинот. 

Предводникот од „непобедливата“ генерација 2003/04 веќе 17 месеци е без фудбалски ангажман, а во меѓувреме работи како стручен коментатор и како советник во ФИФА.