Венгер прв фаворит за преземање на Јапонија

Откако на крајот од минатата сезона, по цели 22 години одлучи да го напушти Арсенал, се чини дека дојде времето Арсен Венгер да предводи еден фудбалска репрезентација. 

Британски „Дајли Меил“ тврди дека 68-годишниот прославен стратег е прв кандидат за испразнетото селекторско столче на репрезентацијата на Јапонија. Наводно, раководството на јапонскиот фудбалски сојуз веќе стапи во контакт со Венгер и ги започна преговорите за негов ангажман. 

Во последните месеци јапонската селекција доживеа и лоши и добри моменти. Два месеци пред стартот на Светското првенство во Русија, остана без селекторот Вахид Халилхоџиќ, додека „самураите“ на Мундијалот одиграа фантастично под водство на Нишино, кој по елиминацијата од Белгија во осминафиналето ја напушти селекцијата.