Венгер: Пред да бирам меѓу рај или пекол, ќе го прашам Бог каде се тие судии

Арсен Венгер

Сите ја паметат онаа легендарна генерација на Арсенал која испиша историја и во сезоната 2003/04 ја освои титулата во Премиер лигата без ниту еден пораз.

Менаџер на „топџиите“ беше Арсен Венгер кој вели дека жали на начинот на кој што тој и неговите избраниците ја прекинаа долгата серија без пораз.

„Го загубивме статусот „непобедливи“ против Јунајтед, а за тој пораз голема вина имаат судиите. Не го заслуживме. Кога ќе умрам, пред да бирам дали ќе одам во рајот или пеколот, ќе го прашам Бог каде се наоѓаат тие судии“, вели Французинот.

До моментот при гостувањето на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед, екипата од Лондон врза неверојатни 49 последователни победи во домашното првенство.

Тогаш за Арсенал настапуваа Тјери Анри, Роберт Пирес, Сол Кембел, Жилберто Силва, Ешли Кол, Јенс Леман, Патрик Виеира, Коло Туре...