Венгер никако да здивне: Се врати Ремзи, но сега се повреди Лукас Перез

Шпанецот Лукас Перез поради повреда на глуждот два месеци ќе биде надвор од фудбалските терени. Фудбалерот на Арсенал се повреди против Рединг во Лига купот во вторникот, а надвор од стројот кај Венгер се и Санти Касорла, Тео Волкот и Начо Монреал.

Баш кога Французинот се израдува со враќањето на Арон Ремзи, пак се наполни „болницата“ во Арсенал. 

Шпанецот Начо Монреал има  грчеви во мускулите, Швајцарецот Џака е казнет, а Санти Касорла не е доволно залечен по повредата.