Венецуела пријави 12 ковид-позитивни фудбалери пред дебито на Копа Америка

Јужна Америка се одлучи по секоја цена да го одржи турнирот кој е најстар континентален собир во светот - Копа Америка. Сепак, проблемите не изостанаа и во Бразил, каде утревечер со натпреварот Бразил - Венецуела треба да се отвори турнирот. 

Венецуела ќе биде сериозно ослабена на отворањето, откако денес пријави голем број на случаи на коронавирус во својот табор. Селекторот Хозе Песеиро не може да смета на дури 12 фудбалери, пет од нив фудбалери кои беа планирани да настапат против Бразил. Ако дојде до зголемување на бројот на позитивни играчи, неизвесно е со кој тим Венецуела ќе настапи на првиот натпревар на Копа Америка.

Селекторот може да повика дополнителни пет фудбалери во случај на коронавирус во репрезентацијата, но и најитно да ги повика селекторот Песеиро, нема да може да настапат против домаќинот.

Натпреварот е предвиден за утре од 23:00 часот по средноевропско време.