• Горан Упале
Фудбалерите на Венеција се изборија за огромни три бода, откако пред својата публика со минимални 2-1 славеа над Фиорентина во претпоследниот натпревар од 36. коло на Серија А.
- Извештај од натпреварот:
Со оваа победа на Венеција излезе од „црвената зона“ и сега сама решава за својата судбина во последните две кола од италијанското првенство. На спротивната страна, со овој пораз, Фиорентина е сè подалеку од местата кои што водат кон Европа.
Гостите подобро влегоа во натпреварот, контролирајќи ја играта во првото полувреме, но на пауза се замина со почетниот резултат. Сепак, во второто полувреме, Венеција прва зададе удар, откако Фали Канде постигна гол во 60. минута, а само осум минути подоцна, домашните го дуплираа водството. Гаетано Ористано го постигна голот за 2-0. Фиорентина не се предаде, но само успеа да го ублажи поразот, откако во 77. минута Роландо Мандрагора ги постави конечните 2-1.
Венеција е на седумнаесеттопо место со 29 бода, еден повеќе од зоната за испаѓање, додека Фиорентина е на деветтото место со 59 бода.

