„Вембли“ комплетно ќе го менува осветлувањето пред ЕП 2020 година

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) објави дека ќе инвестира два милиони фунти за надградба на осветлувањето и покривот на стадионот „Вембли“. Целта е да се комплетира надградбата за Европското првенство 2020, натпреварување на кое полуфиналните и финалниот натпревар ќе се играат на легендарниот британски стадион. 

Осветлување на стадионот, кое е поставено пред 11 години, не ги исполнува стандардите на ФИФА, УЕФА и Премиер лига. 400 извори на светло ќе бидат заменети со ЛЕД рефлектори. На „Вембли“ се играат финалето на ФА Купот, Карабао Купот и баражот за промоција во Премиер лигата.  

Европското првенство 2020 ќе се одржи во 12 градови од различни европски земји, во знакот на јубилејот - 60 години од првото Европско првенство. „Вембли“ беше домаќин на финалето на Европското првенство пред 22 години, кога Германија стана европски првак со победата во финалето против Чешка со 2-1.