„Вембли“ е попатна станица на Сити кон „триплетата“ 

Водеа лута битка, си нанесуваа еден на друг болни порази, се тркаа до последна секунда за шампионската круна, но никогаш претходно Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед не вкрстиле копја во финалето на ФА Купот.

Оваа сабота на „Вембли“, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе испишат нова страница од богатата историја на меѓусебни дуели со битката за трофејот во најстарото фудбалско натпреварување на светот. И едните и другите ќе зачекорат на тревата во Лондон со цел по последниот судиски свиреж да го кренат трофејот. Планот на Сити не завршува тука. Освојувањето на ФА Купот, би било вторпат во ерата на Пеп Гвардиола, бидејќи веќе ја одбранија титулата во Премиер лигата, би претставувало две третини од мисијата. Целта е да се испише историја. 

Сите квоти во МОZZART за финалето меѓу Сити и Јунајтед

Шпанскиот стручњак цели кон „триплета“, потенцијална друга во тренерската кариера, односно прва со Манчестер Сити. Подвиг каков што направиле само седум клубови: Селтик, Ајакс, ПСВ Ајндховен, Интер, Баерн, двапати Барселона – еднаш со него на клупата – и токму Манчестер Јунајтед. „Ѓаволите“ се единствениот англиски клуб кој успеал во една сезона да ги обедини трофеите во Премиер лигата, Купот и Лигата на шампионите. 

„Што е најважно? Да се потрудиме Манчестер Јунајтед да остане единствен англиски клуб кој освоил тројна круна“, не криеше Маркус Рашфорд. Дополнителен мотив е фактот дека Јунајтед може првпат во историјата да ги спои трофеите на ФА и Карабао купот.

Сити од друга страна не му даваше премногу на значење на најмасовното англиско натпреварување. Под водство на Гвардиола го освои само еднаш, пред четири години. Во останатите пет сезони ниту еднаш не стигна до финалето. Сепак, Гвардиола почувствува дека оваа сезона засилен со Ерлинг Халанд е подготвен да ги нападне сите трофеи. Меѓу другите и овој во ФА Купот. Старо-новиот шампион на Англија немаше милост кон ривалите на патот кон „Вембли“, со ред ги исфрлаше Челзи, Арсенал, Бристол Сити, Барнли и Шефилд Јунајтед и тоа без примен гол, со 17 постигнати!

Јунајтед, од друга страна, имаше нешто потежок пат, бидејќи во четири од петте рунди патиштата му се вкрстија со премиерлигашки тимови. Сепак, ниту еден не беше ниту близу до квалитетот на Сити. Затоа се чини дека ќе мора да му се тргне од патот кој води кон Истанбул.