• Саше Љолес
По само неколку месеци престој во Мексико, велшкиот фудбалер Арон Ремзи официјално ја напушти екипата на Унам Пумас.
Ремзи и мексиканскиот клуб постигнале взаемен договор за раскинување на договорот, со што 34-годишниот фудбалер станува слободен агент. Според неофицијални информации, причините за разделбата се од семејна природа - најмногу поради неговото исчезнувањето на неговото куче.
Поранешниот играч на Арсенал, Јувентус и Кардиф Сити пристигна во Пумас летово со големи очекувања, но одигра само неколку натпревари поради повреди и ограничена минутажа.
Клубот му се заблагодари на Ремзи за професионалноста и придонесот, посакувајќи му успех во иднината. Фудбалерот преку кратка објава на социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите на Пумас за поддршката и топлиот прием.
Според повеќе медиуми од Мексико, главната причина за заминувањето на Рамзи е неговото куче Хало, кое мистериозно исчезна од еден пансион за куќни миленици. И покрај понудената награда од 20.000 долари, кучето не беше пронајдено, по што Ремзи и неговото семејство решија да ја напуштат државата.
Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но медиумите шпекулираат дека можно е враќање во Велс или во некој клуб од британската Чемпионшип лига.

