• Горан Упале
Фудбалската селекција на Англија како да не сакаше да ги посрамоти своите соседи од Велс, затоа што на „Вембли“ тргна фуриозно, а потоа застана и славеше со 3-0 (3-0), во пријателски натпревар пред двете селекции да ги одиграат клучните натпревари во квалификациите за следното Светско првенство.
- Англија - Велс 3-0:
Во Лондон, „Гордиот Албион“ натпреварот го отвори по само три минути игра. Роџерс на асистенција на несуденото засилување на Ливерпул – Гуеи, го отвори Велс, а само осум минути подоцна Англија зголеми на 2-0.
Дефанзивецот на Кристал Палас одново се најде во улога на aсистент, а овој пат мрежата на гостите ја затресе Оле Воткинс. Во 20 минута веќе беше 3-0, откако Букајо Сака го даде првиот гол оваа година за Англија и стави точка на победата на својата селекција. Инаку, Велс се натпреварува во нашата група и за три дена го чека дуел со Белгија.
Победа на пријателска средба забележа и селекцијата на Полска, која што со голот на Зиелински во второто полувреме славеше над Нов Зеланд со 1-0.











