ВИДЕО: Велс последен избори ЕП преку групната фаза, Ремзи е „златното момче“ на Гигс

Репрезентацијата на Велс се пласира на второто Европско првенство во низа со денешната победа во директниот дуел во групата Е против Унгарија (2-0).

Селекторот Рајан Гигс запиша голем успех и ќе има можност да ја води својата земја на собирот закажан наредната година. Предизвик ќе биде да се надмине пласманот на дебитантскиот настап во Франција, кога велшките репрезентативци стигнаа до полуфиналето, но загубија од шампионот Португалија.

  • Велс - Унгарија 2-0: 

Првиот дел беше целосно израмнет, но една акција на двете најголеми ѕвезди на домашната екипа ја направија разликата. Герет Бејл, кој не игра во Реал Мадрид поради наводна повреда, одлично центрираше, а Арон Ремзи се најде на вистинското место и со глава погоди за 1-0.

Сите дилеми беа решени на стартот од вторите 45 минути. Ремзи одново имаше среќа да добие топка во одлична позиција и да пласира за високо водство на неговата селекција. Од тој момент згасна надежта кај Унгарците, како да ја прифатија судбината и до крајот одиграа без голема желба за надигрување.

Вториот меч од оваа група, кој исто така веше значаен за последното место кое носи пласман на Европско првенство, заврши со рутинска победа на Словачка против аутсајдерот Азербејџан (2-0). И овие три бода не беа доволни за словачките фудбалери да се изборат за толку посакуваното второ место, кое му припадна на Велс.

  • Словачка - Азербејџан 2-0: 

Првото место во оваа група го освои селекцијата на Хрватска, која пред три дена славеше пласман на Европско првенство со домашната победа над Словачка со 3-1. 

Состави

Рајан Гигс

4-2-3-1

    Marco Rossi

    4-2-3-1