Велс носи армија навивачи: Над 2.000 гости доаѓаат во Скопје

Репрезентацијата на Велс ќе биде првиот домашен предизвик за Македонија во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година, а селекцијата со себе носи и армија навивачи.

Стандардно, Источната трибина ќе биде наменета за гостинските навивачи, како што наложуваат правилата на УЕФА. Продажбата на билети тече одлично во Скопје, но и во Велс, каде за гостувањето се продадени речиси 2.000 билети.

Ова е одлична гостинска бројка за Велшаните кои беа бројни на трибините и во 2013 година, но е далеку поголема од тогаш. Дуелот меѓу Македонија и Велс се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје на 25 март од 20:45 часот.