• Иван Димовски


Да бидеме искрени - не очекуваме речиси ништо од Велс. Знаеме дека „змејовите“ ќе се „наострат“ против соседите од Велика Британија, но, освен борбеност, немаат многу аргументи, а тоа тешко дека ќе им биде доволно. На мечот против САД извлекоа бод бидејќи на ривалот му „тргна од рака“ во вториот дел, но сосема заслужено загубија од Иран со 2-0.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Велс и Англија
Англичаните ни прават мака бидејќи по победата од 6-2 против Иран одиграа без голови против Американците, но избраниците на Герет Саутгејт можат да си дозволат некои калкулации. Ниту пораз на овој натпревар не би значело нивно збогување од Мундијалот бидејќи имаат најдобра гол-разлика, сепак, навивачите беа разочарани од фактот што на дуелот со САД се мачеа да создадат вистинска шанса, а некои од одлуките на селекторот предизвикаа многу критики од локалните стручњаци до јавноста. Но, тој самиот тврди дека сè уште е мирен и дека не е загрижен за сето ова. Саутгејт го пофали односот на неговите играчи против репрезентација која добро се бранеше и додаде дека е нереално да се очекува некој, вклучително и Англија, да го прегази секој противник на Мундијалот.
Квоти за останатите натпревари на Светското првенство
Велшаните нема да го имаат луксузот да се бранат. Со само еден освоен бод, тие едноставно мора да одат на сè или ништо, сепак, тоа пред сè ќе им отвори простор на Англичаните да им се закануваат со контри. „Гордиот Албион“ може да се пофали со млади и квалитетни поединци - не е дека Велшаните немаат свои адути, но не импресионирале досега - и двојката не треба да изостане (на крајот на краиштата Англичаните ги добија претходниот шест меѓусебни дуели). Пробајте ја комбинацијата со 2-4 гола.