• Мартин Танасковски
Македонскиот дефанзивец Дарко Велковски по шест месеци има нов клуб и потпиша договор со екипа од Унгарија.
29-годишникот постигна шестмесечен договор со Нирегихаза, тим кој се бори за опстанок во најдобриот унгарски шампионат. Ако двете страни се задоволни од соработката, истиот може да биде продолжен.
„Унгарското првенство е доста добро, а тимот располага со одлична инфраструктура. Стадионот е модерен, знам дека навивачите го сакаат клубот. Сакам да напредуваме на табелата, ќе се обидам да му помогнам на тимот на Нирегихаза да напредува. Ми се допадна планот од раководството, среќен сум што ќе ја продолжам кариерата тука“, изјави Велковски.
Последен клуб на Велковски беше Динамо Букурешт од каде си замина во јули 2024 година. Низ кариерата беше дел и од Ал-Етифак од Саудиска Арабија, хрватска Ријека, како и македонските Вардар и Работнички.