Велковски: Третото место е реално, сега мислите ни се кон дуелот со Косово

Против ретко која селекција во Европа денес може да креирате десетина зрели шанси како што вечерва креираа македонските репрезентативци против Израел. Победата од 1-0 е претесна и момците на Ангеловски заслужија многу поголема награда за трудот. Сепак, со мала помош на Полска, ја исполнивме минималната цел и го завршивме најдобриот циклус во историјата. 

По натпреварот Дарко Велковски ни изјави:

„Реално е ова трето место, можеше да биде и второ и четврто, но мислам дека Австрија е поискусна селекција. Ова е прв циклус за оваа селекција. Сега сите мисли ни се насочени кон Косово.

Освен Австрија која во Скопје ја надигра нашата селекција, со сите парираме. Мислам дека сме блиску до сите ривали и во иднина ќе ги подобриме резултатите“.

ПОВРЗАНО>> ИСТОРИСКО ТРЕТО МЕСТО: Македонија преку Израел до најдобар пласман во евро-квалификациите! (ВИДЕО)

Овој натпревар беше последен за македонската репрезентација за 2019 година, а следната почнува со историското полуфинале на Лигата на нации во март против Косово на наш терен.

ПОВРЗАНО>> Мисијата исполнета, овие момци заслужуваат ЕП – нека му ја мисли Косово!