ВИДЕО: Велкоски со гол направи кам-бек во Сараево

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски на одличен начин ја започна новата авантура во редовите на босански Сараево, затоа што успеа да постигне гол уште на првиот меч.

Сараево во дербито со 1-2 (1-1) е поразен од Зрињски, а Велкоски успеа да го постигне единствениот погодок за својот тим, откако пред финишот на првото полувреме постигна погодок од пенал.

Велкоски како слободен фудбалер се врати во Сараево, по напуштањето на Азија.