Велковски: Се повлековме и направивме два глупави пенали, не чепнавме топка...

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски беше стрелец за Ријека во дерби-дуелот против Динамо Загреб, но не успеа да се радува на крајот на победа (3-3). Тимот од „Рујевица“ испушти три гола позитива против големиот фаворит и актуелен првак, нешто за кое стоперот навистина жали и вели дека е штета што се случило.

„Чувството е лошо, посебно по она одлично одиграно прво полувреме. Динамо тогаш немаше ниедна шанса. Ние игравме одлично, дадовме три гола. Во вториот дел се повлековме, баш се повлековме, не пробавме да играме ништо, што се вели – не ја чепнавме топката. Тоа беше грешка, како да се исплашивме.

Можеби ни фалат натпревари на високо ниво со кои ќе успееме да го држиме ритамот од првото полувреме, а можеби и физички паднавме. Се случија и два глупави пенали, па третиот гол... Во продолжението не го казнивме ривалот кој беше отворен. Со оние 3-3 ќе бевме задоволни пред мечот, ама по водство од 3-0, не можеме да бидеме задоволни со таков исход“, изјави Велковски.

Ријека пропушти добра шанса да се одлепи на врвот во однос на Динамо. На овој натпревар настапи и Стефан Ристовски во дресот на „модрите“ и забележа асистенција.

Состави

Goran Tomic

4-3-3

    Damir Krznar

    4-4-2