ВИДЕО: Велковски погоди за Ријека, но направи и пенал во дербито со Динамо

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски и неговата Ријека прокоцкаа победа против Динамо Загреб на Стефан Ристовски. Водеа со три гола, но мора на крајот да се задоволат само со бод (3-3).

Ријека на домашен терен имаше предност од три гола од првото полувреме. Велковски стрелаше во мрежата на противникот во 41. минута по асистенција на Муриќ.

Во вториот дел, при негатива од 3-0, Динамо Загреб доби два пенали. Вториот го направи Дарко Велковски откако играше со рака во шеснаесетникот, а судиите со помош на ВАР досудија најстрога санкција. Двата ги реализираше Петковиќ за 3-2, додека Андриќ ги постави конечните 3-3.

Велковски на овој дуел доби и жолт картон. На спротивната страна играше и Стефан Ристовски. И двајцата македонски фудбалери играа од првата до последната минута.

Состави

Goran Tomic

4-3-3

    Damir Krznar

    4-4-2