• Мартин Танасковски
Дарко Велковски имаше незаборавна ноќ во дресот на хрватска Ријека. Го даде првиот гол откако е член на тимот и беше прв играч во дефанзивата која дојде до бод на тешкото гостување кај Реал Сосиедад (2-2).
По мечот во Сан Себастијан, Велковски истакна дека мора да се биде задоволен со ремито и со првиот бод во новата сезона од Лигата на Европа, а како клучни фактори ги посочува одличната транзиција од одбрана во напад и добрите контри, како и висината при корнерите.
„Знаевме дека ќе биде тежок меч и дека мора да бидеме поставени добро во дефанзива и да чекаме на контра. Баш од две контри изнудивме корнери, ја искористивме висината, па постигнавме голови. Противникот исто така даде два гола, еден од добра акција, еден со малку среќа. Сосиедад е одлична екипа, мора да сме задоволни со бодот. Тие не ставија во шеснаесетникот во одредени моменти, но се одбранивме тактички, исто како што тренерот не насочи. Одигравме машки до крајот и заслужено дојдовме до бод“, вели Велковски.
Ријека е елиминирана од групната фаза од Лигата на Европа, а во последната рунда на домашен терен ќе игра со холандски АЗ Алкмар.