• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски одлично се снајде во Романија и доби првотимски статус во Динамо Букурешт, но според актуелната ситуација нема да го продолжи договорот.
28-годишниот Велковски имаше договор со романскиот прволигаш шест месеци. Дојде во јануари, па тој сега е истечен. Фудбалерот и раководството водеа интензивни разговори за нова соработка затоа што Динамо сакаше да го задржи Македонецот, меѓутоа тие не се движеа според планот.
Информацијата од клубот ја потврди Андреи Николеску, кој за романските медиуми истакна дека „ќе биде многу, многу тешко да се задржи Велковски“. Токму затоа Динамо ќе бара нови стопери, а ќе бидат потребни тројца. Најавени се нови трансфери во романскиот клуб во следните денови.
Велковски одигра 16 натпревари за Динамо во шест месеци и даде еден гол. Претходно, стоперот беше дел и од Ал-Етифак (Саудиска Арабија), Ријека (Хрватска), како и македонските Вардар и Работнички.