• Сашо Поповски

Екипата на Ријека соопшти дека дури седум играчи добиле позитивни резултати на коронавирусот.
Тоа значи дека македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ќе има дополнителен одмор по репрезентативната пауза, бидејќи следниот меч на неговата екипа против Истра 1961 е одложен.
Идентитетот на играчите не е познат за јавноста, а тимот според препораките ќе замине во самоизолација.
Ријека во досегашниот дел од сезоната има запишано пет победи и три порази.