• Горан Упале
Некогаш беше голем талент на Србија, но никогаш не го оправда очекувањата. Адем Љајиќ пред повеќе од една деценија направи сензационален трансфер од Партизан во Фиорентина, а потоа играше и за Рома, Интер, Торино, Бешикташ, но никаде не успеа да го покаже својот потенцијал.
Пред две лета се врати во татковината и го облече дресот на Нови Пазар, клуб со кој успеа да обезбеди историски настап во Европа. Сепак, по елиминацијата се реши за нов предизвик во кариерата и се пресели во босанскиот гигант Сараево.
На тој начин поранешниот македонски репрезентативец и сегашен технички директор на Сараево, Крсте Велкоски, договори уште еден голем трансфер во „бордо“ тимот.
„Дојдов тука не само да играм фудбал, туку повторно да го почувствувам фудбалот. Не ветувам трофеи, доволно сум искусен за да знам дека не е само зборување, туку мора да се заработи. Затоа ветувам дека во мене ќе видите играч кој игра за овој грб, за овие бои и за овој град до крај“, рече Србинот на промоцијата.
Инаку, летово во Сараево се преселија двајца македонски фудбалери – Стефан Ристовски и Агон Елези.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




