Велкоски тргна како капитен, Работнички подобар од Кожуф

Тимот на Работнички продолжи со контролните натпревари и на пријателски натпревар во Скопје беше подобар од Кожуф (2-1).

Второлигашот очекувано загуби, а головите за дебармаалци на оваа пријателска средба ги постигнаа Методи Максимов и Анес Рушевиќ. На овој натпревар тргна и Крсте Велкоски, кој со капитенската лента играше за Работнички.

За Работнички ова е втор триумф во низа на пријателските натпревари, по оној против Беса во претходната рунда (3-2).