ВИДЕО: Велкоски тресе мрежи во БиХ, од македонскиот голгетер настрада и Зрински

Повратникот во репрезентативниот дрес, Крсте Велкоски продолжува да тресе мрежи во Босна и Херцеговина, откако вечерва донесе предност за својата екипа Сараево во дуелот против Зрински. 

„Бордо“ тимот во рамки од четвртфиналето на националниот Куп има водство од 1-0 против големиот ривал, а стрелец на голот е искусниот Велкоски, кој беше присебен при ударот од 11 метри и го совлада гостинскиот голман. 

За 31-годишниот голгетер ова е негов 11-ти погодок за Сараево во сите натпреварувања, а му преостануваат уште два за да се израмни со ланскиот скор.