ВИДЕО: Велкоски стрелаше во клучниот меч, Сараево е нов шампион на БиХ!  

Екипата на Сараево со убедлива победа ја круниса фантастичната сезона и по четири години го симна Зрињски од тронот на босанскиот фудбал. 

„Бордо“ тимот со сигурни 4-0 славеше во клучниот меч од сезоната против Звијезда, со што ги собра потребните три бода и заслужено е шампион во домашнaта Премиер лига. 

Повторн, еден од најдобрите поединци на Сараево беше нашиот репрезентативец Крсте Велкоски. Искусниот напаѓач при крајот на првиот дел ја запечати победата на својот тим, а претходно на домашните фанови радост им донесоа Рахмановиќ, Хебибобиќ и Ахметовиќ (4-0). 

Со оваа титула Сараево ја потврди доминацијата на домашна сцена оваа сезона, откако претходно го грабна и Куп-трофејот.