• Александар Ковачев
Фудбалскиот клуб Сараево, клуб каде повторно ќе настапува нашиот интернационалец Крсте Велкоски, новата сезона во босанкиот шампионат ја отвора утревечер со дуел против актуелниот шампион, Зрињски.
Нашиот репрезентативец, кој треба да биде големо засилување за тимот на Сарево, пред босанските медиуми потенцира дека е среќен поради враќањето во Босна.
„Среќен сум што се вратив во мојот дом, овде се чувствувам најдобро. Што се однсува до тимот на Зрињски, тие се одлична екипа, актуелни шампиони, но ние ќе дадеме сè од себе за да на крајот ја израдуваме нашата публика“, изјави Велкоски.
29-годишниот Велкоски, во тимот на Сараево настапуваше од 2014 до 2016 година, одигра 54 натпревари и постигна 25 гола.