• Зоран Мишевски

Нашиот напаѓач Крсте Велкоски уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма. Некогашниот фудбалер на Работнички погоди за 0-1 за Сараево на гостувањето против Слобода Тузла.
Велкоски со убав гол со шут од околу работ на казнениот простор во 19. минута донесе предност за „бордо“ тимот.
Сараево во вториот дел ја потврди победата и славеше во Тузла со 1-3.