• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Крсте Велкоски се запиша во листата на стрелците за Сараево на натпреварот против Тузла на кој фаворитот славеше со 0-3 (0-2).
Повремениот репрезентативец ја најави победата на „бордо-тимот“, со гол во 6. минута. Велкоски прими една топка во шеснаесетникот, добро ја исконтролира и по земја го совлада противничкиот голман.
Со трите бода кај Тузла, Сараево се зацврсти на врвот во босанскиот шампионат.