ВИДЕО: Велкоски погоди во голеадата на Сараево, Седлоски блиску до Куп-финале

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски се запиша во листата на стрепците за Сараево во рамки на Купот на Босна и Херцеговина.

Фаворитот на гостувањето кај Слога Црљелово успеа да слави со убедливи 1-4 (0-3), а Велкоски го даде третиот гол на мечот, за предност на Сараево од 0-3.

Македонецот шутираше пенал, но не го погоди, арно ама топката пак заврши кај него и следеше гол во мрежата на противникот.

Сараево и Слога ќе играат реванш во Купот, но фаворитот формално си ја заврши работата. Многу веројатно Велкоски и Сараево во финалето ќе играат со Широки Бријег на Гоце Седлоски, кој во првото полуфинале со 2-0 го совлада ТОСК Тешањ.