ВИДЕО: Велкоски погоди во дербито, Сараево останува на врвот во БиХ

Сараево останува лидер во босанскиот фудбал, откако во дерби-дуелот на гости кај Вележ во Мостар дојде до значајна победа (1-2) во која придонес имаше македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.

Напаѓачот имаше важна улога во тимот, а одигра цел натпревар и успеа да се запише во листата на стрелците. Велкоски стрелаше во мрежата на Вележ во 13. минута, откако откосо доби топка од Татар и биеше по земја.

Сараево е лидер во БиХ со вкупно 35 освоени бода, три помалку од второпласираниот Железничар кој има и натпревар помалку.