• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски е на прагот да освои нов трофеј со Сараево, откако во рамки на Купот на Босна и Херцеговина, во првиот меч од финалето го совладаа Широки Бријег со сигурни 3-0 (2-0).
Фаворитот на хартија ја оправда улогата и заслужено славеше над тимот предводен од македонскиот тренер Гоце Седлоски. Резултатот се отвори уште во 9. минута преку Рахмановиќ, на 2-0 зголеми Капиќ во 39. минута, а пред самиот финиш Мујакиќ реализира, за конечни 3-0.
Вториот натпревар од финалето во Купот на БиХ се игра за седум дена, на теренот на Широки Бријег.