• Горан Упале

Екипата на Сараево предводена од македонскиот репрезентативец запиша победа од 1-0 во првиот четвртфинален натпревар од Купот на БиХ, против големиот ривал Зрински.
Стрелец на единствениот погодок беше токму повратникот во македонскиот дрес, а по мечот истакна дека е задоволен од постигнатиот гол и победата.
„Постигнавме гол во вистински момент и стигнавме до победа. Потоа игравме без притисок, креиравме шанси, но лошиот терен не ни дозволи подобра игра. Ова е само прво полувреме, нè чека реванш во Мостар, но сите се надеваме дека ќе се пласираме во полуфиналето“, рече Велкоски.
31-годишниот Велкоски, кој е и капитен на Сараево, оваа сезона запиша осум гола во домашниот шампионат на БиХ, додека овој против Зрински му беше втор во Купот.