ВИДЕО: Велкоски од пенал донесе победа за Сараево

Крсте Велкоски беше човек на одлука во новата победа на Сараево, по што неговиот клуб се зацврсти на лидерската позиција во шампионатот на БиХ.

Нашиот интернационалец во 61. минута од пенал го постигна единствениот погодок на денешниот натпревар против Слобода во рамките од 8. коло.

Денешниот погодок беше шестти за Велковски, по кој се искачи на петтата позиција на листата на стрелците.