ВИДЕО: Велкоски како Зидан - со мајсторски волеј го среди Вележ во Купот на БиХ!

Поранешниот македонски репрезентативец, Крсте Велкоски, продолжува со одличните игри во новата сезона во дресот на Сараево, и покрај двата гола во првенството на Босна и Херцеговина, денес успеа да се запише во листата на стрелците и во националниот Куп. 

Искусниот голгетер, попладнево во рамки од шеснаесеттинафиналето на Купот на Босна и Херцеговина, му донесе понатамошен пласман на својот тим, откако во 58. минута распали од над 25 метри и ги постави конечните 0-1 во дуелот против Вележ Мостар. 

Велкоски ја игра својата втора сезона по враќањето во Сарајево, откако во 2016 и 2017 настапуваше во јужнокорејското и тајландското првенство. Во ланската сезона беше еден од најдобрите поединци на „бордо-белите“, постигнувајќи 12 гола.