• Мартин Танасковски
Екипата на Сараево никако да се консолидира, дури ни по заминувањето на Александар Васоски и поради пораз од Вележ Мостар по пенали (0-0 регуларен дел, 3-4) останаа без титула во Купот на БиХ.
Популарниот „бордо“ тим нема да игра ниту во Европа, а исто така оваа сезона за заборав ќе ја заврши без освоен трофеј. Регуларниот дел на натпреварот заврши без голови и натпреварот замина на пенали, а одлувачкиот шут од белата точка го реализира Брендао.
За Вележ ова беше прва титула во натпреварувањето. Сараево го загуби четвртото финале. Фудбалерите во чиј тим капитен е Крсте Велкоски (не настапи на овој натпревар, остана на клупата за резерви) се најдоа на удар на навивачите.
Во тимот на Сараево има уште еден македонски фудбалер, тоа е Даниел Аврамовски, но вечерва тој не беше во протоколот.