Велкоски и Аврамовски добија нов тренер во Сараево

По заминувањето на Александар Васоски, екипата на Сараево беше во потрага по нов предводник. 

Ситуацијата доби разврска, па македонските интернационалци Крсте Велкоски и Даниел Аврамовски добија нов тренер. Предводник на сараевскиот клуб во следната сезона ќе биде Феѓа Дудиќ. Младиот стручњак со новиот клуб потпиша двегодишен договор, со опција за продолжување на уште една. 

Иако има 39 години, Дудиќ веќе се етаблира во босанскиот фудбал. Тренерската кариера ја започна во Габела, а од 2019 година го водеше Вележ од Мостар во авантурите во босанското првенство.

Заедно со него од Вележ во Сараево пристигнаа и асистентите Мустафа Кодро, Јасмин Трновац и Ади Адиловиќ.