• Зоран Мишевски
Сараево брзо го заборави дебаклот во квалификациите на Лига Европа и забележа битна гостинска победа во босанската Премиер лига, Во натпревар, кој локалните медиуми го опишуваат како антипропганда на фудбалот, Сараево славеше на „Тушањ“ во Тузла против домашната Слобода со 0-1.
Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски го постигна единствениот гол на средбата, откако во 54. минута една висока топка ја шутираше од прва со десната нога, а топката од дирекот заврши во мрежата на домаќините.
Во босанската лига ниту една екипа нема максимални девет бода по три одиграни кола, па Сараево е во групата на тимови со шест бода, еден помалку од лидерот Широки Бријег.