Велинов: Росоман на првото сезонско соочување ни покажа дека е незгоден ривал

Во текот на викендот екипата на Осогово ќе биде домаќин на последнопласираниот Росоман на табелата во ВМФЛ - Исток.

За мечот зборуваше искусниот Стојанчо Велинов кој очекува тежок предизвик против еден незгоден противник за време на викендот.

„Подготвителниот период пред почетокот на првенството го поминавме во одлична атмосфера и мислам дека имавме време добро да се подготвиме и на физички план и технички за она што следува. На екипата ѝ се придружија нови играчи и имаа краток период на адаптација со останатите, но формата и играта се темпира и од тренинг во тренинг. Ние како играчи меѓусебно имаме сè подобра комункација.

В сабота играме со екипата на Росоман. Иако се последни, нè очекува тежок натпревар со незгоден противник кој на првиот меѓусебен натпревар на наш терен постигна четири погодоци, иако ние го добивме натпреварот со пет гола во нивната мрежа“ , изјави капитенот за клупската страница.

Росоман запиша два порази, а Осогово едно реми и една победа во воведните две кола од пролетната полусезона.