Заработува 200 евра неделно, а го бараат Баерн, Јунајтед и Дортмунд

Младиот фудбалер од Бирмингем, Џуд Белингем го привлече вниманието на великаните од оваа игра. Иако заработува само 200 евра неделна плата, играчот за врска е на мета од Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд. 

Момчето кое в понеделник ќе наполни 17 години, ќе може да го потпише првиот професионален договор со клубот каде се прослави. Откако блесна во Чемпионшип лигата, се очекува летово да ја промени средината. 

Сепак, оној тим кој ќе сака да го доведе Белингем во своите редови ќе мора на Бирмингем да му исплати околу 20 милиони евра за услугите на перспективниот фудбалер. 

Досега, Белингем во вториот ранг на англискиот фудбал запиша 33 натпревари, постигна четири погодоци и запиша три асистенции.