Велии уште една година ќе го чува голот на Ренова, Велија се сели во Лачи

Екипата на Ренова е една од најактивните прволигаши ова лето, кога во прашање е градењето на ростерот за следната сезона. 

Тимот од Џепчиште информираше дека нема намера да се раздели со својот прв чувар на мрежата Хадис Велии, по што е потврдена соработката на уште една сезона. За разлика од искусниот голман, Башким Велија во иднина нема да го носи дресот на Ренова, затоа што се сели во редовите на Лачи.

Претходно, „гипсарите“ ги продолжија договорите со Гафури, Садики, Абдулаи и тренерот Османи, додека останаа без услугите на Тафа, Гавазај и Јашароски.