ВИДЕО: Велии се испружи колку што е долг и со супер-одбрана ја спаси Ренова

Ако некој заслужува најдобра оценка во составот на Ренова за настапот во првото полувреме, тогаш тоа е голманот Хадис Велии, кој имаше неколку сигурни одбрани во воведните 45 минути од мечот со Хајдук Сплит во Лигата на Европа.

Најдобрата интервенција тој ја изведе во 26. минута, кога Диамантикос испрати одличен удар од далечина, ама Велии се испружи колку што е долг и ја извади топката од горниот агол и изби во корнер.

  • Одбраната на Велии против Хајдук:

Претходно, Велии спаси и убав зицер во 9. минута при обид на Ѓурчо.