Величковски: Почит за Вардар, но со борба и мотивација можеме до бодови

Со градскиот дуел на Македонија Ѓорче Петров и Вардар денес започнува претпоследното есенско коло во Првата фудбалска лига (ПМФЛ). „Лавовите“ влегуваат во домашниот дуел во нешто подобра форма, посебно по трите бода против Силекс во средата.

Вардар не знае за победа скоро еден месец и очајно посакува бод(ови) за бегство од дното.

„Ние како тим имаме почит за најтрофејниот македонски клуб, но денес одиме на три бода пред домашната публика со борба и мотивација за нова победа. На првиот натпревар дадов гол, се надевам и верувам дека и утре ќе постигнам гол и ќе победиме“, рече фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров, Никола Величковски.

Во двата официјални натпревари меѓу овие два скопски ривали, секоја екипа запиша по една победа. Вардар славеше на стадионот „Борис Трајковски“ во натпреварот за бодови во октомври, а „лавовите“ ги елиминираа „црвено-црните“ со 0-1 во осминафиналето на националниот Куп,