Вележ купи втор Македонец во еден ден: Јани Урдинов се сели во Мостар

Македонскиот интернационалец Јани Урдинов се врати во босанската Премиер лига и потпиша едногодишен договор со мостарски Вележ. Ова е еден вид враќање на Урдинов во Босна и Херцеговина, откако претходно настапуваше за Железничар и беше миленик на навивачите „Манијаци“.

Во ист ден Вележ ги официјализираше потписите на двајцата македонски фудбалери: Коста Манев и Јани Урдинов. Нашиот фудбалер за врска утре ќе пристигне во Мостар и ќе биде претставен како нов фудбалер на Вележ. Пред да дојде во БиХ, Урдинов настапуваше за Ружомберок, а низ кариерата играше и во Холандија, Белгија, Албанија, Чешка...

„Добро ја познавам босанската лига и се надевам дека ќе ги убедам навивачите на Вележ дека сум вистинско засилување. Убеден сум дека ќе ги исполните целите со новиот клуб“, кратко напиша на социјалните мрежи Урдинов по официјализацијата. 

Во новата сезона Вележ стартуваше со пораз од Младост, а утре го игра градското дерби со Зрињски.