• Зоран Мишевски
Трет натпревар во една недела и трета победа на Вардар 1961 под водство на новиот тренер Милано. По Струга и Мелсунген, скопјани вечерва беа подобри и од велешки Фриутленд Борец со 29-41 (17-21). Аргентинскиот стручњак им даде слободен викенд на Еспиња, Лазаревски, Срдановиќ, Георгиевски, Борозан, но Вардар 1961 пак беше пресилен за ривалот од Велес.
Во првата половина од првиот дел Тоше Ончев „диригираше“ и Борец рамноправно играше со големиот фаворит. Шест пати резултатот беше израмнет, а велешани поведоа и со +2. Пинто постигна серија на лесни голови и скопјани поведоа со +2. Сепак, ветеранот Илиев одговори и во натпревари со послаби одбрани од напади, на одмор се замина со 17-21 за вардарци.
Кои и Хансер Родригез на почетокот од вториот дел го оддалечија тимот на Милано на +5. Домаќините се обидоа со тајм-аут да го прекинат ритамот, но вардарци не погледнаа назад и дојдоа до +8 во 43. минута. Фруитленд Борец се предаде, гостинот се одлепи и извојува победа од 29-41.
- Комплетниот натпревар меѓу Фриутленд Борец и Вардар 1961:
Најефикасни кај Фруитленд Борец беа Илиев со шест и Ончев со пет гола, а во тимот на Вардар 1961 се истакнаа Коој со шест и Пинто со седум погодоци. Победата го однесе најтрофејниот клуб на врвот со 24 бода, два повеќе од Еурофарм Пелистер и Алкалоид (натпревар помалку).