Велемајсторија на шпанскиот тинејџер: Јамал со гол кој не го бранеа ниту двајца голмани (ВИДЕО)

Коло Муани уште во деветтата минута ја отвори Шпанија во полуфиналето на Европското првенство и на Франција ѝ донесе водство од 1-0. Но, овој резултат не стоеше долго на семафорот, а главен виновник за тоа е – Ламин Јамал.

Младиот ас на Барселона во 21. минута постигна еврогол во мрежата на „триколорите“. 16-годишниот ас шутираше од 25 метри и топката заврши во горниот десен агол од голот на Мањан.

  • Голот на Јамал против Франција:

Само три минути подоцна следуваше нов шок за Французите, откако Олмо погоди за пресврт и предност на Шпанија од 2-1.

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Дидие Дешамп

    4-3-3