• Саше Љолес
Екипата на хрватскиот прволигаш Славен Белупо со пресврт дојде до победа над Истра 1961 (2-1), а трите бода за домашниот тим ги завери македонскиот напаѓач Илија Несторовски.
Истра водеше со голот на Кадушиќ во 21. минута, но до паузата успеа најпрво да израмни преку Митровиќ, а потоа дојде и до целиот плен со погодокот на Несторовски.
Поранешниот македонски репрезентативец погоди велемајсторски во 77. минута и стави печат на третиот сезонски триумф за својот тим.
За Несторовски ова беше прв гол во новата сезона од најсилното хрватско фудбалско друштво.






